Бројот на починатите од компликациите предизвикани од коронавирусната билест во средата во Индија надмина 200.000, во ситуација кога во земјата има недостиг од медицински кислород, медицински материјал и болнички персонал што е проследено со рекордно високи бројки на новозаразените.
Во вториот бран на епидемијата на коронавирусот во Индија изминатата седмица најмалку по 300.000 лица дневни беа позитивни на тестирањата, заболените ги преполнија здравствените установи а снимките од кремирањата на починатите ја поттикнаа меѓународната заедница на итен одговор.
Во изминатите 24 часа зебележани се нови 360.090 случаи на коронаинфекции, што е најголем мдневен број забележан во светот од почетокот на пандемијата кон крајот на декември 2019 година во кинески Вухан. Со тоа бројот на заболените во Индија се приближи речиси до 18 милиони.
Со рекордните 3.293 смртни случаи во последните 24 часа се зголеми вкупниот број починатии во Индија на 201.187 луѓе. Епидемиолозите веруваат дека службените бројки на починатите и заболените се многу пониски од вистинските димензии на епидемијата во земјата којашто има 1,3 милијарди жители.
Во индиската престолнина Њу Делхи санитетките возила со часови чекаат во редови за да ги пренесат жртвите од Covid-19 до импровизианите крематориуми на отворено во парковите и на паркинзите, каде што телата горат во редови од погребни клади.
Заболените од коронавирусот, од кои многумина се борат да дојдат до здив, го преплавија храмот Сикх на периферијата на Њу Делхи, надевајќи се дека ќе дојдат до ограничените резерви кислород кој таму е достапен.
Полицијата соопшти дека во пожарот во средата рано утрото во болница на периферијата на финасиската престолнина Мумбаи загинале четири лица, а уште неколку се повредени. Несреќите во индиските болници зачестија и загрижуваат поради и онака големиот недостиг од болнички кревети и резерви од кислород. Минатата седмица избувна пожар во болница во која се лекувале ковид-пациенти, а истекување од резервоар за кислород во друга болница предизвика смрт на 24 лица.
Кислородот и опремата којашто спасува животи започнаа да пристигнуваат во Њу Делхи, вклучително и респираторите од Велика Британија, а дополнителни резерви се на пат од Ирска, Германија и Австралија.
Неколку земји ги запреа летовите од Индија, преземајќи мерки за да се спречи ширењето на позаразниот сој на коронавирусот од оваа земја, на кој делумно се припишува новиот посилен бран на епидемијата во земјата. Координаторката на американскиот Стејт департмент за глобален одговор на Covid-1, Гејл Смит, предупреди дека предизвикот кој го престаува ширењето на болеста во Индија бара долготраен напор. Повика дека „сите мора да сфатиме дека сѐ уште сме на почетокот, како и дека „ова сѐ уште не ја достигнало кулминацијата“.