Бројот заболени од мистериознот вирус во Кина се зголеми на 59 лица

Бројот на заболените од пневмонијата со непознато потекло во кинескиот град Вухан, во централната провинција Хубеи, до неделата се зголеми на 59 лица, од кои седум се во сериозна состојба, се вели во соопштението на покраинската комисија за здравство.

На крајот на декември кинеските здравствени власти објавија појава на пневмонија од непознато потекло и до 3-ти јануари во градот Вухан беа регистрирани 44 случаи на вирусна пневмонија, од кои 11 лица биле во сериозна состојба. Под лекарски надзор беа ставени уште 121 лице, кое имало близок контакт со некој од пациентит.

Епидемиолошката истрага во меѓувреме откри дека некои од заболените работеле на локалниот пазар на морска храна, Во моментов нема јасни знаци дека болеста се пренесува од човек на човек.

„Според состојбата во 8 часот (утрото по локално време) на 5-ти јануари 2020 година, во Вухан се откриени 59 случаи на пневмонија од непознато потекло, седум од нив се во сериозна состојба, а состојбата на преостанатите пациенти е генерално стабилна“, се вели во соопштението на здравствените власти на покраината Хубеи.

Се додава дека во моментов сите пациенти се подвргнати на изолирани медицински третмани, и оти не се утврдеи слуачи со фатален исход.

Првиот случај од ова заболување е регистриран на 12-ти декември, а последниот на 29-ти декември. Дсоега други 163 лица кои имале близок контакт со болницте се ставени под постојан медицински надзор.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) на 2-ри јануари, предупреди на тоа дека властите не можат да утврдат што ја предизвикува болеста, и оти постојат многу потенцијални причинители за појава на вирусот.