Бројот загинати во експлозијата во Бејрут се искачи на 154 луѓе

Најмалку 154 луѓе загинаа во силната експлозија во пристаништето на либанската престолнина Бејрут, пренесува во петокот телевизискиот канал Sky News Arabia.

Претходниот биланс од петокот говореше за 149 загинати и повеќе од пет илјади повредени.

Истовремено сателитската телевизија Al Jazeera, повикувајќи се на либанското министерство за здравство, пренесува дека 120 од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Светската здравствена организација повика на собирање на 15 милиони долари за да се покријат медицинските трошоци на Либан по разорната експлозија во Бејрут, бидејќи земјата е во тешка економска криза којашто е продлабочена со здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Во експлозијата во Бејрут, меѓу другото, уништени се и 17 контејнери со медицинска опрема на СЗО, вклучително и лична заштитна опрема за медицинскиот персонал и за граѓаните.

Пет бејрутски болници во областа опустошена од експлозијата делумно функционираат или воопшто не функционираат, а според првичните извештаи уништен е и значителни број амбуланти за примарна здравствена заштита. СЗО наведува дека поради оштетувањата на болнциите, севкупниот број болнички кревети во Бејрут се намалил за 500.

Без своите домови останеле до 300.000 луѓе, меѓу кои 100.000 се деца, а за нив се неоходпони итно сместување и храна. СЗО е загрижена дека оваа ситуација може да придонесе за брзо ширење на Covid-19.