Бројот на загинати во невремето во САД се зголемен на 63 лица

Арктичката снежна зимска бура што го зафати поголемиот дел од Средниот запад и северниот дел на Соединетите држави однесе досега 63 човечки животи, објавија во вторник американските медиуми, повикувајќи се на официјални изјави.

Бајрон Браун, градоначалникот на Бафало каде властите соопштија за 27 загинати, изјави дека бурата веројатно е полоша од сè видено во градот за повеќе од 50 години.

Националната метеоролошка служба соопшти дека подобрување на временските услови може да се очекуваат од вторник.

Божикните празници годинава на северноамериканскиот континент минаа во снежна бура, со околу 60 отсто од населението на САД соочено со некакви зимски проблеми, како и со екстремно ниски температури.

Според податоците од веб-страницата за следење летови Flayweather, вчера во САД биле одложени повеќе од 2.800 летови. Затворени се најлем број од аеродромите во споменатите региони а оние во Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген се само некои од главните воздушни пристаништа на кои се откажани летовите.

Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри прогласување вонредна состојба за сојузната држава Њујорк по смртоносната снежна бура.