Бројот заразени со коронавирусот во Турција надмина 1.200, уште девет починати

Во Турција во неделата се регистрирани нови 289 случаи на зараза со новиот коронавирус, и сега вкупно во ова земја има 1.236 забоелни.

Ова на вечерниот брифинг за новинарите го соопшти министерот за здравство Фахретин Коџа, кој додаде дека во последното деноноќие починале уште девет пациенти, па од почетокот на ширењето на епидемијата сега има вкупно 30 починати.

Во Турција се спроведени над 20.00 тестови на коронавирусот, но турското здружение на медицински работнции (TTB) започна кампања на социјалните мрежи со кое бара сеопфатно тестирање на вирусот. Според нив, направени се премалку тестови, иако и препораките на СЗО не ја потврдуваат целисходноста од нивната масовност. Од ТТВ претпоставува дека бројот на неоткриените случаи на зараза поради тоа е висок.

Во отвореното писмо до министерството за здравство, ТТБ бара транспаретност и информации во кои покраини се откриени случаите. Турските здравствени власти досега не објавија во кои градови и области се утврдени случаите на зараза, но ги спроведуваат строгите рестриктивни мерки како повеќето земји во светот.