Бројот жртви во земјотресот во источна Турција се искачи на 15

Бројот на жртвите во разорниот земјотрес кој во петокот вечерта ги погоди истокот на Турција се зголеми на 15, соопшти ноќта кон саботата Управата за вонредни ситуации и природни непогоди.

Земјотресот со магнитуда од 6,8 по Рихтер беше регистриран во 20,55 часот по локално време, а бил проследен со 35 последователни потреси со магнитуди меѓу 2,5 и 5,4. Епицентарот на главниот подземен удар бил во источната провинција Елазиг, со околу 400.000 население, а хипоцентарот на длабочина од 10 километри.

Во двете провинции кои се најсилно погоден, Елазиг и Малатија, пријавени се околу 400 повредени лица, но медиумите известуваат дека материјалната штета е голема и оти многу домови се неупотребливи поради големите оштетувања.

Министрите за надворешни работи Сулејман Сојлу, за животна средина и урбанизам Мурат Курум и за здравство Фахретин Коча, се упатија кон градот Сивриче, кај Елазиг.

„Тимовите за потрага и спасувања се испратени во регионот и допрва ги очекуваме дополнителните информации“, изјави министерот Сојлу од Сивриче додавајќи дека се оштетени згради во центарот на градот. Додаде и дека засега не се познати штетите во руралните области во регионот.

Од почетокот на 2020 година Турција веќе ја погодија неколку силни земјотреси. Во средата потрес со магнитуда од 5,4 ја погоди западната провинција Маниса, додека во четвртокот жителите на главниот град Анкара ги вознемири потрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер. Во 2010 година ппоровинцијата Елазиг беше погодена од земјотрес со магнитуда од 6 степени, кога загинаа 51 лице.

Турција се сместена на неколку големи раседи, па земјотресите не се реткост. Во 1999 година во земјотресот кој го погоди истокот на земјата со магнитуда од 7,4 степени, загинаа повеќе од 17.0000 луѓе.