Норвешки брод спаси 600 мигранти во Средоземно Море

Потона брод во Егејско Море, најмалку 18 лица удавени
Потона брод во Егејско Море, најмалку 18 лица удавени

Над 600 мигранти вчера биле спасени од страна на екипажот на норвешки брод во јужниот дел на Средоземно Море, пренесува Танјуг.

Мигрантите патувале со два дрвени чамци. Сите се спасени и се наоѓаат во добра здравствена состојба, објави норвешката полиција на својот „Твитер“ профил.

Според локалните медиуми меѓу мигрантите имало и неколку трудници.