Брод потона крај западниот брег на Малезија, над 60 удавени

Брод кој превезувал 97 лица од Индонезија отона вчеравечер крај западното крабрежје на Малезија, а 61 патник се уште не е пронајден.

Патниците, меѓу кои имало жени и деца, веројатно се обидувале нелегално да влезат во Малезија.

Еден брод е вклучен во потрагата по евентуално преживени патници, а подоцна ќе му се придружат уште два.