Бродолом на Борусија Д во последното коло на Бундеслигата

Фудбалерите Борусија Дортмунд во последното 34-то коло од германското првенство на домашен терен беа декласирани со 0:4 од гостинскиот Хофенхајм, кому ова победа му донесе пласман во Европската лига.

Интересно е што во мечот во Дортмунд стрелец на сите четири погодоци бепе хрватскиот интернационалец Андреј Крамариќ, во 8, 30, 48 и во 50 минута од пенал.

Хофенхајм со оваа победа дојде на шестото место со 52 бодови, што му донесе пласман во Европската лига, а на Борусија овој пораз не ѝ значеше ништо затоа што одамна го обезбеди второто место на табелата со 69 бодови и пласман во Лигата на шампионите.

Во Лигата на шампионите се пласираа и РБ Лајпциг и Борусија Менхегналдбах, кои со победи ја задржаа предноста во однос на Баер Леверкузен. РБ Лајпциг со 2:1 славеше во Аугсбург, додека Борусика Менхегналдбах на домашен терен со истиот резултат славеше над Херта, а Баер Леверкузен со 1:0 го совлада Мајнц, па разлигата меѓу овие екипи остана непроменета, со тоа што Баер ќе настапува во Европската лига.

Во квалификациите за Европската лига ќе игра Волфсбург кој со 0:4 беше поразен како домаќин од шампионот минхенски Баерн. Баварците така стасаа до точно 100 погодоци во Бундеслигата сезонава, а за новната 26-та победа сезонава стелци беа Коман во 4, Кусанс во 37, Левандовскли во 72 од пенал и Милер во 79 минута.

Најуверливата победа ја оствари Вердер кој во Бремен го совлада Келн со 6:1. За Вердер оваа победа беше неопходна за да добие можност да игра во плеј-офот за останува во Бундеслигата, под услов Фортубна да не го победи Унион во Берлин, што и се оствари откако домашните славеа со 2:0. Така, Вердер ќе игра во доигрувањето за опастанок, а од лигата испаѓаат Падеборн и Фортуна Диселдорф.