Бројот на градежни дозволи во февруари падна за 14 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2019 година се издадени 153 одобренија за  градење, што е за 13.6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 181 458 илјади денари,  што е за 49.1 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 81 (52.9 отсто ) е наменето за објекти од високоградба, 26 (17.0 отсто) се за објекти од нискоградба и 46 (30.1 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 153 објекти, на 83 (54.2 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (45.8 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти,  се вели во соопштението на Макстат.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 123 станови, со вкупна корисна површина од 13 404 м2.