Бројот на мртвите во нападот во хотелот во Сомалија се искачи на 26

Бројот на убиените во нападот врз хотел во пристанишниот сомалиски град Кисмају се зголеми на 26, а меѓу жртвите се дравјани на САД, Велика Британија, Кенија и Танзанија, соопшти во саботата гувернерот на покраината Џубаланд.

Во нападот на четворицата милитанти убиен и е кандидатот за челник на покраината на претстојните локални избори, соопшти во саботата првиот човек на Џубаланд, Ахмед Мохамед, Убиени се и најмалку двајца новинари и службеник на агенција на Обединетите нации.

Полицискиот началник Мухамед Абди за агенцијата Reuters рекол дека безбедносните сили ја преземале контролата над хотелот и така ставиле крај на нападот изведен изминатата ноќ.

Исламистичкото движење ал-Шабаб, кое со години се обидува да ја собори централната сомалиска влада која ја поддржува меѓународната заедница, во петокот ја презема одговорноста за нападот врз хотелот со автомобил бомба во текот на состанокот на племенските стѕарешни и претставници на власта кои разговарале за подготовките за претстојните локални избори.

Покраинските челник Ахмед Мохамед рекол дека во нападоте се убиени и тројца Кенијци, три Танзанијци, двајца Американци и еден Британец.

„Меѓу убиените е и кандидатот за покраински претседател по името Шурие. Четворица милинати го нападнале хотелот. Еден од нив бил бомбаш самиубие, двајца се убиени, а еден е жив заробен од страна на безбедносните сили на Џуваланд“, рекол Мохамед.

Додал дека уште 56 луѓе биле ранети во нападот. Полицијата претходно објави дека биле убиени сите напаѓачи.

Новинарското здружение потврди во петокот дека меѓу загинатите се и двајца новинари: сомалиско-канадската новинарка Ходан Налејах, основачка на телевизијата Integration TV, и Мохамед Сахал Омар, репортер на телевизијата SBC TV во Кисмају

Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (IOM), агенција на ОН, објави на Twitter дека меѓу убиените е и нивен локален службеник.

Исламистичката група ал-Шабаба владините сили со помош на странските сили ја потиснаа од сомалиската престолнина Могадишу во 2011 година, а следната 2012-та и од Кисмају. Сепак, припадниците на оваа групација која порано беше поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, а последните години одржува врски со џихадистите од Исламската држава, и натаму напааѓаат владини и странски цели во Сомалија. Напади извршуваат и во соседна Кенија, како одмазда поради тоа што војската на оваа земја учествува во мировната операција на Африканската унија во Сомалија на страна на владата во Могадишу.