Бројот на мртвите во земјотресот на Ломбок се искачи на 387

Бројот на загинатите во потресот на ундонезискиот остров Ломбок минатата недела се искачи на 387 луѓе, објавија власите во саботата додавајќи дека стотиците илјади раселени лица уште немаат вода за пиење, храна ниту лекови.

Околу 70.000 домови, 470 училипта и 65 џамии се оштетени во земјотресот со магнитуда од 6,9 степени, кој се случи во неделата нецела седмица откако Ломбок беше погоден од потрес со магнитуда од 6,4 степени во кој загинаа најмалку 17 лица. Во четвртокот популарниот меѓу туристите вулкански остров го погоди нов земјотрес, овојпат со магнитуда од 6,2 по Рихтер.

„Се предвиува дека бројот на мртвите ќе расте, бидејќи жртвите веројатно уште се под наносите од кал и урнатините“, изјави во саботата портпаролот на индонезиската нацонална агенција за справување со природни катастрофи Сутопо Пурво Нугрохо.

Бројот на луѓето коиишто биле принудени да ги напуштат своите домови се искачи на 387.000, додава портпаролот, според кој повредени се околу 13.700 луѓе. Две лица загинале во потресот и на соседниот остров Бали.

Силниот земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала што на 5-ти август го погоди индонезискиот остров Ломбок, придонесе за негово издигнување за 25 сантиметри. Како што соопштија група научници на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (NASA) и на Калифорнискиот институт за технологија, врз основа на анализи на сателитските снимки на Ломбок направени по земјотресот, утврдени се промени на површината на островот. Според научниците, утврдено е дека во реонот на епицентарот на земјотресот, во северозападниот дел на Ломбок, површината на земјата се подигнала за 25 сантиметри, додека на други места на островот се спуштила меѓу пет и 10 сантиметри.