Бројот на загинати во Атика се зголеми на 96

Бројот на загинати во пожарите што ги уништија одморалиштата во Атика минатиот месец се зголеми на 96, откако 68-годишен маж починал во болница.

Пожарникарската служба соопшти дека вкупно 13 лица од повредените подлегнале на повредите добиени во пожарот што се случил на 23 јули во одморалиштето Мати, објави АП.

Истрагата за причините за пожарот трае, а се испитува  и дали властите соодветно реагирале задоцнето и не ја спречиле трагедијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.