Бројот на загинатите во Бразил се искачи на 99 лица

Бројот на загинатите по пукањето на браната во Бразил се искачи на 99 лица, а бројот на исчезнатите изнесува 259 луѓе, соопшти агенцијата за вонредни состојби, пренесува телевизијата Globo.

Спасувачката служба соопшти дека шансите за спасување се многу мали. Последните преживеани се извлечени во саботата.

Браната кај градот Брумадињо, во југоисточната сојузна држава Минас-Жераис, се урна минатиот петок и покрена 13 милиони кубни метри тиња. Браната ги задржуваше отпадите од руникот за железна руда во сопственост на компанијата „Vale SA“.

Компанијата вети дека ќе им испалите по околу 27.000 долари на загинатите. Портпаролот на „Vale SA“, Серхио Леите, прецизираше дека ветувањето за отштетата е доброволно и не е дел од пакетот помош за настанатите штети.