Бројот на загинатите во пожарите во Калифорнија се зголеми на 31

Бројот на загинатите лица во пожарите кои ја пустошат американската сојузна држава Калифорнија, се зголемил во текот на ноќта во неделата на 31 жртва, отакко уште шест луѓе се најдени починати, соопштија тамошните власти.

Официјални претставници на властитеизвестија дека телата на пет лица се најдени во нивните изгорени куќи, а шестиот е пројанден во возило настрадано во пожарот Камп во северна Калифорнија.

Окружниот шериф Кори Хони изјави од четвртокот се трага по уште 228 лица. Тој на прес-конференција соопшти дека шест тела биле пронајдени вчера во градот Парадајз, 137 километри северно од Сакраменто, додавајќи дека 10 тимови за пребарување и укажување помош од цела држава помагаат во потрагата по други жртви. Градот Парадајз е речиси целосно уништен, со оглед на тоа дека е центар на огнената стихија. елемент. До моментов околу 7.000 згради целосно изгореја во Северна Калифорнија, јави државната шумска служба.

Властите користат мобилна ДНК-лабораторија и помош од антрополози за да ги идентификуваат жртви. Во некои случаи, истражувачите успеале да пронајдат само делови од коските на мртвите. Во делови на градот Парадајс е многу тешко да се утврди дали има останки на луѓе, бидејќи сè е изгорено.

Луѓето кои бегаат од катастрофата засолниште бараат кај пријатели или роднини, како и во центрите за евакуација, поради што голем број јавни објекти се претворени во прифатни центри.

Гувернерот Џери Браун побара помош од Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп одобри финансиски средства, обвини за „слабо” справување со ситуацијата, што гувернерот негира.

Пожарникарите, кои со булдожери и лопати се борат со огнот, очекуваат налети на ветер со брзина од 64 км/ч. Сè уште нема прогноза за дожд. Постојат стравувања дека во следните неколку часа ветрот ќе предизвика ново ширење на пожарите, поради кои околу 300 илјади лица од Калифорнија се веќе евакуирани. Меѓу евакуираните се и познати личности, како актерот Џерар Батлер, пејачката Лејди Гага, Ким Кардашијан, Алиса Милано, Кетлин Џенер и други.

Повеќе од 250.000 луѓе примија во неделата налози за евакуација од своите домови во големиот регион близу Сакраменто, главниот град на американската сојузна држава Калифорнија на западот од САД, како и во Малибу.

Пожарникарите се борат со огнените стихии на двата краја од државата, со пожарот „Камп“ во округот Бат, на северот, каде што е најголемото жариште и каде загинале 23 лица и со „Вусли“ во околината на Лос Анџелес и Малибу, каде што се пронајдени две тела во автомобил. Пожарникарите се справуваат со опасните ветрови Санта Ана, жешки и суви ветрови во внатрешноста на земјата кои ги прошируваат пожарите, според соопштенијата на тамошните власти.

Во неделата повеќе до 8.000 федерални, државни и локални пожарникари се справуваат со огнот, изјави на прес-конференцијата еден од службениците на протвпожарната агенција на Калифорнија, Скот Џејлбер.

Со силните ветрови огнот „Камп“, кој избувна во четвртокот, стана најразорниот кога и да е регистриран во Калифорнија, со повеќе од 6.700 уништени куќи, меѓу кои и една болница во Парадаја, град со 27.000 жители. Пожарот кој досега уништи повеќе од 40.000 хектари, само 25 отсто е под контрола, според податоците на противпожарната служба. Владата проценува дека за целосно совладување на пожарот ќе бидат неопходни најмалку три седмици.