Бројот на жртвите во Сирија над 160 илјади лица

Сирискиот центар за набљудување на правата на човекот (СЦНПЧ) информира дека од почетокот на сирискот конфликт, па се досега, бројот на загинати изнесува над 160 илјади жители.

Од почетокот на конфликтот во март 2011 година, Центарот документирал 162.402 смртни случаи во кои се вклучени бунтовници, членови на сириската армија, како и цивили.

Во бројката влегуваат и членовите на вооружените групи кои се борат против режимот на Башар ал Асад.

Обединетите нации (ОН), информираа дека веќе престанале да ги обновуваат податоците за починатите бидејќи не можеле да ја потврдат веродостојноста на податоците.

Според последните податоци на ОН, до крајот на јули 2013 година, бројот на жртвите во Сирија изнесува над 100 илјади лица.