Автобуската несреќа зеде 14 жртви

Бројот на загинати во вчерашната сообраќајна несреќа, се искачи на 14 откако ноќеска на повредите им подлегнал уште еден од потешко повредените патници во автобусот.

Несреќата се случи вчера, околу 17:00 часот, кога автобус на компанијата „Дурмо-турс“, излета од автопатот Скопје-Тетово и се преврте. Причините за несреќата сѐ уште се истражуваат.

Инспекторите досега ги утврдуваа околностите под кои се случила несреќата и ги обележуваа трагите на кочење. На местото на несреќата има многу полиција и локални жители.

Се очекува во текот на денот или утре јавното обвинителство да соопшти повеќе детали за несреќата.

Aвтопатот Тетово-Скопје е пуштен за сообраќај, но се уште е затворен за сообраќај стариот пат Скопје –Тетово, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.