Бројот на жртви во Магнитогорск се искачи на 28

Последното извадено тело од под рушевините е на загинато младо момче, информирал портпаролот на локалните власти за руската агенција РИА Новости.

Тој нагласил дека последната бројка на жртви во инцидентот во Магнитогорск изнесува 28.

Во понеделникот, на 31 декември, според се уште непотврдени податоци, еден од влезовите на десеткатницата се сруши како последица од експлозија на гас. Спасувачката операција уште е во тек.