Бројот на жртвите од ураганот Марија во Порторико зголемен од 64 на 2.975

Порториканските функционери објавија дека 2.975 луѓе загинале во ураганот Марија, разорната бура којашто оваа американска островска територија ја погоди во септември минатата година.

Изменетиот податок е 50 пати поголем од претходниот од 64 смртно настрадани. Гувернерот Рикардо Росељо „ги прифатил“ резултатите од долгоочекуваната независна истрага. Порторико и натаму се мачи со обновувањето на уништената инфраструктурата и од Конгресот бара 108 милијарди долари помош.

„Наредив бројот на жртвите да се ажурира на 2.975. Иако се работи за процена, таа е научно заснована“, додал.

Белата куќа во соопштението ги поддржува настојавувањето на гувернерот да „обезбеди полна веродостојност и транспарентност во поглед на бројот на жртвите“.

Порториканските власти беа една година изложени на жестоки критики дека го намалуваат број на жртвите од Марија, најсилната бура на Карибите во последните 90 години. Досега официјалниот број на жртвите беше 64, иако функционерите наведуваа дека веројатно се многу повеќе. Во екот на бурата, некои експерти проценуваа дека би можело да станува збор за 4.600 смртно настрадани.

Првичниот број беше резултат на пребројувањето на оние кои загинале под урнатините на куќи и згради, кои се удавили или настрадале од парчиња кои летале. Но многу починале и поради лошата здравствена грижа и недостигот од вода за пиење. Зачестените прекини на електричната енергија, исто така, довеле до зголемена смртнос на дијабетичарите и луѓето кои имале сепса.

Најновите податоци, коишто ги прифатија ппорториканските власти, се наведуваат во извештајот на експертите од универзитот Џорџ Вашингтон кој го нарачал гувернерот. „Ова ги покажува димензиите на катастрофата“, рече гувернерот Росељо за весникот El Nuevo Dia.

Запрашан како тоа владата досега не била во состојба точно да го процени бројот на жртвите, одговара „Не сум совршен и правам грешки“. Се повикува на наодот од извештајот дека лекарите не знаеле како исправно да одредат кога смртта настапила како последица на проридните катастрофи.