Бројот на жртвите од уривањето на браната во Бразил достигна 157 луѓе

Бројката на загинатите во попуштањето на браната за металуршки отпад во сојузната бразилска држава Минас-Жераис се зголеми на 157 лица, пренесува порталот G1 повикувајќи се на локалните власти.

На четиринаесеттиот ден од операцијата на пребарување идентификувани се телата на 134 жртви во трагедијата. Како исчезнати се водат уште 182 луѓе, а властите исклучуваат можност дека има преживеани под насотите од токсичната тиња. Противпожарната служба почнала да користе 250 специјални уреди за геолоцирање, кои можат да ја следат локацијата на спасувачите и да ги предава нивните барања за помош.

Пробивот на браната кај рудникот во сопственост на најголемата бразилска рударска компанија „Vale SA“ во општината Брумадињо, се случи на 25-ти јануари. Порои од тиња навлегоаа во административните згради на компанијата и на домовите на локалното население, некои целосно уништувајќи ги.