Бројот на жртвите во бродоломот на Дунав се зголеми на 15

Бродот на загинатите во бродската несреќа на Дунав во унгарската престолнина Будимпешта се зголеми на 15 луѓе, јавува новинската агенција Associated Press, повикувајќи се на унгарската полиција.

Полицијата соопштила дека од водите извлекла тела на уште двајца загинати. Тринасет туристи од Јужна Кореја и двајца членови на унгарскиот екипаж уште се водат како исчезнати.

Малиот туристички брод, кој превезувал 33 туристи од Јужна Кореја и двајца членови на екипажот потона во Дунав на 29-ти мај во близина на зградата на унгарскиот парламент во центарот на Будимпешта. Веднаш беа спасени седум туристи од потонатото пловило. Според јужнокорејската новинска агенција Yonhap, туристите биле на турнеа која опфаќала шест источноевропски земји.

Се очекува следните денови огромниот пловечки кран да го извлече потонатиот брод. Кранот „Адам Кларк“ именуван според шкотскиот инженер кој ја надгледувал изградбата на мостот во Будимпешта завршен во 1849 година, останал заготвен во четвртокот со северниот дел на унгарската престолнина, бидејќи водостојот на Дунав не му дозволувал да стаса до местото на кое се лоцирани остатоците од потонатиот брод.