Бројот на жртвите во падот на авионот на Хаваи се искачи на 11 луѓе

Бројот на жртвите во падот на малиот двомоторен авион на Хаваи се зголеми од девет на единаесет лица, објави во саботата вечерта по средноевропско време телевизијата Hawaii News Now повикувајќи се на Федералната управа за цивилно воздухопловство на САД.

Авионот кој се користи во падобранството паднал набрзо по полетувањето во петокот по локално време на работ од аеродромот. Претходно беше објавено дека загинале тројца клиенати и шест вработени во компанијата на Оаху падобранскиот центар. Засега не се соопштива индентитетот на другите две жртви. Непозната е, исто така, и причината за катастрофата.

Авионот од типот „Beechcraft 65 King Air“ на самиот западен раб на аеродромот Дилинген. Ова е една од најгтешките водушни инциденти со приватен авион во историјата на Хаваи. Во слична несреќа во 1981 година во пристаништето Перл Харбор се урна авион од истиот тип и тогаш загинаа, исто така, 11 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.