Бројот на жртвите во стихијата во Индонезија се зголеми на над 1.900 луѓе

© AP Photo/Aaron Favila

Бројот на мртвите по замјотресот и цунамито кои го погодија пред десетина дена индонезискиот осторв Сулавези се зголеми на 1.944 луѓе а уште 683 лица официјално се водат како исчезнати.

Според официјалните податоци, во болниците уште остануваат 2.549 луѓе, а уште 152 се претпоставува дека уште се наоѓаат под урнатните.

Повеќе од 74.000 ни по десет дена не се вратиле во своите денови, изјави Вилијам Рампањели, претседател на агенцијата за справување со природни катастрофи. Тие се наоѓаат во привремени засолништа и 147 центри за евакуации, додаде.

Властите настојуваат да ги проверат извештаите за илјадниците исчезнати луѓе од Петобо и Балароа, каде што домовите ги проголтаа свлечишта и потоците кал, предградијата на градот Палу, административниот центар на покраината Централни Сулавези, кој беше погоден од потресот со магнитуда од 7,4 и потоа и уште 360 афтершокови. Силните подземни удари притоа предизвикаа појава на цунами, чиишто бранови достигнувале меѓу пет и седум метри височина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.