Бројот загинати во уривањето на браната во Бразил се искачи на 115 луѓе

Билансот од жртвите од уривањето на рударската брана на компанијата „Vale SA“ во бразилската држава Минас-Жераис се зголеми на 115, а како исчезнати се водат уште 248 лица, пренесува во петокот порталот Globo повикувајќи се на локалните власти.

Претходно властите соопштија бројка од 110 жртви. Влегувајќи во осмиот ден од потрагата по хаваријата, шансите за пронаоѓање и спасување евентуално преживеани се минимални, предупредуваат властите. Тие досега успеале да идентификуваат 71 загинат.

Браната кај градот Брумадињо, во југоисточната сојузна држава Минас-Жераис, се урна минатиот петок, на 25-ти јануари, и покрена 13 милиони кубни метри тиња. Браната ги задржуваше отпадите од руникот за железна руда во сопственост на компанијата „Vale SA“.. Инцидентот се случил во раните попладневни часови во Брумадињо, општина со 39.000 жители, 60 километри југозападно од Бело Хоризонте, административниот центар на споменатата сојузна држава.

Оваа сојузна држава сѐ уште закрепнува од пукнувањето на браната во ноември 2015 година во рудникот во Самарку, исто така во сопственост на „Vale SA“ и на англиско-австралиската групација BHP, кога загинаа 19 луѓе во дотогаш најтешката еколошка катастрофа во Бразил. Тогаш беше затрупано цело село и истече отровен отпад во реката. Направена е непроценлива штета за природната средина во близина на Мариана, околу 150 километри од Бело Хоризонте. Тогаш стицици квадратни километри беа преолавени од каллив порој кој мина низ две бразилски сојузни држави и преку реката Рио Доче се влеа во Атлантскиот Океан минувајќи 650 километри.