Бројот загинати во уривањето на зграда во Истанбул се искачи на десет луѓе

Најмалку десет лица загинаа во уривањето на осумкатницата во Истанбул, се наведува во последниот официјален извештај на локалните власти објавен во четвертокот попладнето.

Истанбуслкиот гувернер Али Јерликаја, кој прво во четвртокот претпалднето потврди за три па потоа околу пладне за шест жртви, вечерта рече дека од под урнатините се излвечени уште четири тела.

Зградата во Картал, густо населен кварт на азискиот брег на Истанбул, која имала 14 големи станови, се урна во средата попладнето. Гувернерот изјавил претходно дека покривот на зградата не бил изграден легално.

Министерот за животна средина и урбанизација, Мурат Курум, во четвртокот утрото рече дека спасувачките екипи слушнале гласови од под урнатините и вети дека ќе продолжат напорите да стасаат до преживеаните

Покрај жртвите, во несреќата има и тринаесет повредени, од кои три лица уште се во критична состојба, додал гувернерот Јерликај.

Не се знае сѐ уште колку луѓе се затрупани во урнатините и спасувачите од средата трагаат по преживеани во купот метал и бетој, кој затрупал и неколку автомобили. Во четвртокот утрото по 18 часа минати под урнатините, спасувачите извлекоа живо петгодишно девојченце.

Летово во Истанбул по обилните дождови се урна четирикатница, а во јануари 2017 година две лица загинаа во во уривање на заграда во сиромашен кварт на периферијата на мегалополисот.з