Бројот загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 21

60

Бројот на загинатите во уривањето на доградената осумкатница во Истанбул се зголеми на 21, а повредени се 14 луѓе, објави во неделата турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу за новинската агенција Demiroren.

Станбената зграда во квартот Квартал, на азискиот брег од мегалополисот се урна во средата и засега не е јасно што ја предизвикало трагедијата. Истанбулскиот гувернер, Али Јерликаја, претходно седмицава изјави дека трите последни ката на зградата биле нелегално надградени.

„Околу 35 лица биле во зградата според информациите коишто ги добивме. Од под урнатините е извлечени 21 тело, вклучително и едно лице со потекло од средна Азија“, рече министерот Сојлу.

Шеснаесетгодишно момче беше спасено во петокот од под урнатините, 45 часа по уривањето на зградата. Претходно , 18 часа по несреќата, исто така, живо беше извлечено и петгодишно девојченце.

Сложените напори на извлекување на преживеаните и телата дополнително беа комплицирани од евакуацијата на блиските згради во густо населената истанбулска населба.

Skin Delight