Бројот жртви кај Ласкарци се искачи на 14, Владата прогласи дводневна жалост

Четиринаесет лица загинале во трагедијата кај Карпалак каде се прврти автобус со педесетина патници, а Владата на вечершната вонредна седница четврток и петок ги прогласи за Ден на жалост.

Уште едно лице починало по стравичната сообраќајка на патот Скопје-Тетово со што бројот на жртвите се искачи на 14. Имињата на смртно настраданите сѐ уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина. Засега е потврдено, од партиски извори на СДСМ, дека меѓу загинатите е 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од владејачката партија од Гостивар, Благојче Трпевски.

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ примени биле 37 лица, од кои шест починале. Во старата скопска градска болница „Свети Наум Охридски“ починало едно  лице, а на Клиничкиот центар примени се седум повредени, од кои три се со сериозни повреди. На Ургентниот центар примена е и 28-годишна бремена жена, која е во добра здравствена состојба.

Возачот на автобусот е хоспитализиран во Градската болница, со него веќе разговарала полицијата и тој, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, е во добра здравствена состојба.

Меѓу загинатите има и млади лица на возраст меѓу 25 до 30 години чиј идентитет сѐ уште не е познат, а мобилизирани се сите расположиви сили на медицинските центри во Скопје кои непрекинато се посветени на борба за животите на луѓето во критична состојба, како и набљудување и нега на повредените патници кои се во стабилна состојба. Меѓу повредените има и бремена жена, која е во добра здравствена состојба.

Тешка ноќ, немам зборови кои можат да бидат утеха за семејствата на загинатите. Сочуствуваме со загубата, државата тагува. Го мобилизиравме сите сили, вечерва Владата донесе одлука со која 14 и 15 Февруари се денови на жалост, рече премиерот Зоран Заев.

Автобусот се движел на релација Скопје-Тетово кај Ласкарци, а засега се неутврдени причините. За четврток  се на најавени сите детали. Автобусот преминал на спротивната страна, поминал на регионалниот пат ипаднал во провалија.

Интервенциите на сите институции беа брзи, вечерва за жал животите ги загубија 14 сограѓани, седум на лице место, 37 лица се хоспитализирани, а шест починале таму. Едно лице починало во Свети Наум Охридски. Едно лице е на домашно лекување, додаде Заев.