11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Бронза за Норвешка на ЕП во ракомет по победата над Словенија

Норвежаните собраа сили по синоќешниот шок натпревар против Хрватска во полуфиналето на ракометното Евро и успеаја да ја совладаат Словенија во борбата за третото место со 28:20.

Ова е прв медал на Европските првенства во историјата на норвешката репрезентација.

По шокот во полуфиналето против Хрватска, кога Норвешка загуби со 29:28 во вонредна драма по две продолженија , тие сепак успеаја да најдат сила и лутината поради поразот да ја истурат врз Словенците. Словенија загуби од Шпанија со 34:32 во полуфиналето.

До крајот на првенството остана уште еден натпревар. Големото финале во распродадената арена во Стокхолм утре го играат Хрватска и Шпанија со почеток во 16:30 часот.