Бршлен, лек од природата

Бршленот е лијан долг до 30 метри со трајно зелени листови и многубројни корени по стеблото, со кои се прицврсува за други стебла и камени. На својата основа стеблото е цврсто, а потоа почнува да ползи. Листовите се кожести.

Цветовите на бршленот се ситни, однадвор со сива, а внатре со зелена боја, собрани се во полутопкаст штит. Бршленот е отровен и има алтернативен корен, кој му служи за прицврстување за подлогата по која се искачува, а се развива површински.


Качувајќи се по стеблата достигнува и до 30 метри. Кората е сива како пепел. Се јавува на влажни и хумусни земјишта, но добро поднесува и каменасти и варовнички тла. Сака влажен воздух.


Лековито дејство

Листот од бршлен во мали колчичества делува на крвните садови и срцето. Се користи за лечење на болести на слезинката, полипи во носот, болести на очите, меки коски, камен и песок во бубрезите, воспаление на мочниот меур и кандида кај жените.

Исто така се користи и за лечење на кожни болести, рани и скрофулоза кај децата (потребно е тие да се бањаат во вода со бршленови лисја). Плодот од бршленот е потребно внимателно да се користи. Со мешање со магдонос и нане се користи при лечењето на некои внатрешни болести.


Со големо внимание чајот од бршлен може да се употреби за ревматски и жолчни тегоби, за чистење на кожата, чистење на крвните садови кај атеросклерозата, кај воспалението на желудникот и цревата, и за регулација на месечниот циклус. Многу е ефективен кај кашлицата, бронхитисот и астмата. Со шмркање на бршленов сок во мали количини може да се лечат полипи во носот.


Ако секоја вечер се испира косата со чај од листови од бршлен, ќе се ослободи од првутот, а со пиење на истиот ќе се исчисти телото од труење со пестициди и штетно радиоактивно зрачење.

Не е препорачливо да се земаат повеќе од две лажици иситнет лист од бршлен кога се користат за подготовка на чај.


Рецепт за чај од бршленов лист: четири свежи листа од бршлен или две лажици иситнет сув лист се става во литар студена вода, се приготвува, веднаш се цеди и се пие неколку пати во денот по еден децилитар од чајот.

Бобинките од бршлен не ги оставајте на дофат на мали деца, и во никој случај немојте да ги употребувате за подготовка на чај.