Бруклин први на Истокот обезбедија доигрување во НБА

Кошаркарите на Бруклин Нетс ноќта кон средата станаа првата екипа во Источната конференција која успеа да обезбеди место во доигрувањето, откако во Тампа со 116:103 го совладаа Торонто Репторс.

Кевин Дјуран постигна 17 коша во победата на Нетс, додавајќи и 10 скокови, а Џеф Грин беше најдобриот стрелец кај победниците со 22 поени. Џо Харис додаде 16 поени. Репторс ги предводеше Кајл Лоури со 24 поени, додека ОЏи Аниноби додаде 21 кош.

Лука Дончич имаше уште една одлична изведба во која неговите Далас Маверикс на гостувањето со 133:103 ги совладаат Голден Стејт Вориорс

Дончич мечот го заврши со 39 поени, а покрај него уште пет играчи на Далас остварија двоцифрен број кошеви. Стеф Кари беше најдонар кај Вориорс со 27 коша, а Мајчл Малдр додаде 26 поени.

Милвоки Бакс на гости со 114:104 беа подобри од Шарлот орнетс, а до победата ги предводеше Јанис Адетонкумпо со 29 коша, 12 скокови и 8 асистенции. Врук Лопез додаде 22 коша, а Крис Мидлтон 17 коша за Бакс.

Портлант Трејл Блејзерс со 133:112 ги надиграа Индијана Пејсерс, а мечот го одбележа Анферни Сајмонс кој постигна 27 коша од кои 9 „тројки“ од 10 обиди. Демиен Лилард додаде 23 коша, а Си Џеј Меккалам 20 за Портланд кои ја прекинаа низата од пет порази.

Оклахома Сити Тандерс со 119:115 беа подобри од Бостон Селтикс, а победата им ја обезбедни Лугуенц Дорт со 24 поени, додека Дариус Везли додаде 21 кош со 10 скокови. За Тандерс ова бепе првата победа по 31-ви март и петте порази.

На Селтикс, за кои ова беше третиот последователен пораз, не им помогнаа ниту 39-те коша на Џејлен Браун. Пејтон Причард додаде 28 коша за Селтиск кои настапуваат без повредените Џејсон Тејтум, Кемба Вокер и Робет Вилјамс Трети.

Минесота Тимбервулфс со 114:107 ги победија на гости Хјустон Рокетс кои остануваат најслабате екипа сезонава во НБА лигата. Гостите ги водеше Калр-Ентони Таунс со 31 кош, 7 скокови и 5 асистенции. Најдобар поединец кај Хјустон беше Кеми Олиник со 28 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит Пистонс – Атланта Хоукс 100:86
Орландо Меџикс – Лос Анџелес Лејкерс 103:114
Филаделфија 76ерс – Оклахома Сити Тандерс 121:90
Вашингтон Визардс – Сан Антонио Спарс 143-146 (продолжение)
Њујорк Никс – Феникс Санс 110:118
Торонто Репторс – Кливленд Кавалирс 112:96
Мајами Хита – Чикаго Булс 102:110
Минесота Тимбервулфс – Јута Џез 105:104
Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Клиперс 120-103
Денвер Нагетс – Мемфис Гризлис 120:96
Сакраменто Кингс – Далас Маверикс 113:106

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Бруклин Нетс 41 20 .672 –
2. Филаделфија 76ерс 40 21 .656 1
3. Њујорк Никс 34 28 .548 7 1/2
4. Бостон Селтикс 32 29 .525 9
5. Торонто Репторс 26 35 .426 15

Централна дивизија

1. Милвоки Бакс 37 23 .617 –
2. Индијана Пејсерс 29 31 .483 8
3. Чикаго Булс 26 35 .426 11 1/2
4. Кливленд Кавалирс 21 40 .344 16 1/2
5. Детроит Пистонс 19 43 .306 19

Југоиточна дивизија

1. Атланта Хоукс 34 28 .548 –
2. Мајами Хитс 32 30 .516 2
3. Шарлот Хорнетс 30 30 .500 3
4. Вашингтон Визардс 27 34 .443 6 1/2
5. Орландо Меџикс 18 43 .295 15 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија

1. Феникс Санс 43 18 .705 –
2. Лос Анџелес Клиперс 43 20 .683 1
3. Лос Анџелес Лејкерс 36 25 .590 7
4. Голден Стејт Вориорс 31 30 .508 12
5. Сакраменто Кингс 25 36 .410 18

Југозападна дивизија

1. Далас Маверикс 33 27 .550 –
2. Мемфис Гризлис 31 29 .517 2
2. Сан Антонио Спарс 31 29 .517 2
4. Њу Орлеанс Пеликанс 27 34 .443 6 1/2
5. Хјустон Рокетс 15 46 .246 18 1/2

Северозападна дивизија

1. Јута Џез 44 17 .721 –
2. Денвер Нагетс 40 21 .656 4
3. Портланд Трејл Блејзерс 32 28 .533 11 1/2
4. Оклахома Сити Тандерс 20 41 .328 24
5. Минесота Тимбервулфс 18 44 .290 26 1/2