Брус Џенер го менува полот

Олимписката легенда и поранешниот маж на Крис Џенер, Брус, се консултирал со пластичен хирург околу процедурата за промена на полот.

„Неговото семејство отсекогаш ја прифаќало неговата силна женска страна, но тешко е да се разбере маж кој три пати бил во брак и кој има шест деца толку долго живеел во лага“, пишуваат американските медиуми.

Брус бил кај пластичен хирург се распрашувал околу операција на душникот, која е стандардна во промена на полот.

„Никогаш не сум го сакал својот душник“, рекол Брус.

Докторот, кој би требало да ја направи операцијата, изјавил дека никогаш не ја направил операцијата на некој кој не го менувал полот.