Брус Вилис го продолжува карантинот со поранешната Деми Мур, а сопругата седи дома

Уште пред некое време дознавме дека Брус Вилис го минува карантинот со поранешната сопруга Деми Мур и нивните деца.

65-годишниот актер беше 13 години во брак со 57-годишната актерка, а се разведоа во 2000-та година.

Неретко, тие се пример за разведени родители кои даваат сè од себе за да останат блиски со семејството.

https://www.instagram.com/p/B-7o4leHm5L/?utm_source=ig_embed

Иако е познато дека Деми и Брус се во одлични односи поради нивните деца, интересно е што актерот ја оставил сопругата Ема дома, сама со нивните две ќерки и решил да го помине карантинот со бившата.

Во понеделникот, Деми ги израдува фановите со уште една карантинска семејна фотографија, на која се гледаат таа и Брус, ќерките и нивните момиња.

Очигледно, на Ема воопшто не ѝ пречи ова – таа дури и остави коментар на фотографијата од поранешните партнери, кажувајќи дека ѝ недостасуваат Брус и неговото семејството.