Министерот за локална самоуправа Горан Милевски упати остри критики до ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата дека „си направиле партиски собир од традиционалната манифестација во Кавадарци по повод Свети Трифун, а упати и критики и до владиката Агатангел, кој беше во придружба на Мицкоски.
Владиката одржа контроверзен политички говор во кој го благослови лидерот на опозицијата Мицкоски и за „најсветата партија ВМРО-ДПМНЕ“.
„Жалам што оваа манифестација во Кавадарци во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што еден владика од името на Агатангел се сведе на толку ниски граници, ја извалка мантијата, навредувајќи ги еден голем дел од македонските граѓани и повеќе прави срам на Црквата отколку што самиот си прави срам за себеси“, изјави Милевски.
„Како што мувите и црвите се штетници за лозарите, така господинот Агатангел, ако можам да го наречам господин, е штетник за црквата, народот и за граѓаните. Мислам дека црквата треба да се светсти кои во нејзините редови се владици, кој ги пушта на вакви настани, коишто тука напѓаа голем дел од македонското христијанско насление. Го влеличеа лидерот на опозицијата, а тоа најмалку му носи поени на лидерот на опзицијата кога стигнал да го фали Агатангел. Нека му служи на чест. Сепак, како претставник на Владаат, ќе бидеме присутни секаде каде што се граѓаните, бидејќи работиме во нивен интерес“, рече Милевски
аѓ
Додека зборуваше министерот, дел од насобраните граѓани го прекинаа со неколку дофрлувања: „Доста со мафијашки работи веќе“, а изрекоа и критики кон власта за откупот на грозјето.