Нова брутална видео снимка на ИД

Нова брутална видео снимка на ИД
Нова брутална видео снимка на ИД

Џихадистите од Исламска држава – ИД објавија нова брутална видео снимка на која се гледа како четири ирачки шиитски борци биле спалени живи откако претходно биле врзани со синџири.

Жртвите се идентификувани како броци на провладините сили на Народната мобилизација од југот на Ирак, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АФП.

Нова брутална видео снимка на ИД
Нова брутална видео снимка на ИД

Сега дојде до одмазда. Ние ќе ги нападнеме како што тие не нападнаа нас и ќе ги казниме исто како што тие нас не казнуваа, вели маскираниот џихадист на видео снимката, кој нема датум, а ниту пак се наведува каде е извршено погубувањето.

Масовните погубувања џихадистите на ИД ги спроведуваат на териториите каде имаат воспоставено своја контрола во Ирак и во Сирија. Голем дел од нив се снимени, а ИД снимките ги објавува на интернет.