Бруто надворешниот долг изнесува 73,7 отсто од БДП-то

Бруто надворешниот долг на земјата изнесува 8.324 милиони евра, или 73,7 отсто од бруто домашниот производ, соопшто центарлната банка на Македонија во понеделникот кога ги објави податоците за движењата на надворешниот долг на крајот на вториот квартал од 2019 година.

Во однос на крајот на првото тримесечје оваа година, без трансакциите за управување со девизните резерви, тој е повисок за 117 милиони евра, поради зголемениот приватен долг, во услови на намалување на јавниот надворешен долг, соопшти Народна банка.

„Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.652 милиони милиона евра, или 50 отсто од БДП. На квартална основа, без трансакциите за управување со девизните резерви, тие се повисоки за 98 милиони евра, во услови на зголемување на приватните и јавните побарувања. Нето надворешниот долг изнесува 2.672 милиони евра, или 23,7 проценти од БДП и е зголемен за 21 милион евра, или за 0,8 отсто. И натаму долгот на приватниот сектор има доминантно учество во вкупниот нето-долг, со 58 отсто“, информираат од Банката