Брза помош го однесе Бате Геле од пред Кривичниот суд

На големиот поддржувач на Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, штипјанецот  Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле, му се слоши пред Кривичниот суд.

Со возило на Брзата помош тој беше однесен во болница, уште од претходно тој не бил во добра здравствена состојба.

Тој беше дел од групата 30-тина граѓани кои се собраа да протестираат против судот и за поддршка на Груевски.

Тие пред судот се задржаа околу еден час.

Зафировски  дојде пред судот со маица на која беше испринтњн ликот на поранешниот премиер, а донесе уште една маица со неговиот лик која ја закачи на металната ограда пред судот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.