Брзи избори и помал пораз, за Заев се и спас од налетот на „скопското крило“ во СДСМ

Поранешната министерка за трид и социјална политика актуекна вицепремиеркпа за економски прашања Мила Царовска во последниот период речиси ја снема од медиумите, за разлика од претходниот период кога беше сепреисутна на екраните, иако техничката влада во услови на криза предизвика на од едпидемијата носеше низа мерки токму од нејзиниот ресор. Според медиумите, тоа се должи на започнатите „византиски игри“ на Бихаќка, каде што ткн „скопско крило“ на владејачката СДСМ се подготвува да му зададе удар на Зоран Заев по неминовниот пораз на претстојните избори.

Царовска се дистанцираше од јавни настапи, како што пишува порталот Инфомакс, заземала позиција на „англиска кралица“, односно – тука е, ама никому не му се меша. Жената мора да остане чиста, бил заклучокот на дел од екипата популарно наречена бранковисти, односно скопско лоби во СДСМ.

Царовска според внатрепартиски мерења пред коронавирусот имала рејтинг близок до Заев, била урбана, образована и преку неа ќе можело да се продава феминистичката приказна во Македонија – прва жена премиер. За да дојде до тоа, мора да падне Заев, а тој овие игри ги насетува уште минатата година и почнува сериозно да се плаши за својата позиција на среден рок. Планот е направен во Струмица, Љупчо Николовски, дете на Заев, како што е познат во партијата да го напушти МЗШВ и да отиде на местото генерален секретар на СДСМ, со цел подготовка на општинските за после пораз и ударот на скопското крило. Заклучено е дека во наредниот период концесии, лиценци и тендери треба да добиваат луѓе од струмичко или луѓе од висока доверба на Заеви.

Наелектризираност е присутна, а шаховските фигури во послените месеци брзо се местат. Скопското лоби го вади министерот за здравство Венко Филипче на површина, кој не е во добрио односно со Заев, ниту со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која и самата се бунтувала против неговото присуство на листите за пратеници.

Следен во играта, според написот, е кумановскиот градоначланик Максим Димитриевски, кој треба да ја игра картата на патриотот во СДСМ.

Планот оди по две линии.

СДСМ е свесна дека националните распродажби на Заев ќе ги однесат на буништето на историјата и затоа екипата на Царовска преку Максим ќе го осуди Заев и ќе се огради од политиките на распродажба на националните интереси.

Втора линија СДСМ мора да стане градска партија повторно.

Заев е свесен за сите движења и во паника прави грешки, во игра со него е и Шекеринска, која е во лоши односи и со Царовска и Филипче. Се штанцаат лиценци за марихуана, а 80 отсто од пазарот го држат луѓе на Заеви. Во секторот градежништво се појавија нови играчи кои преку ноќ свртеа милиони, и многу други бизнис шеми, за кои ќе пишуваме дополнително.

Заев со јакнењето на луѓе блиски до него, како што дознава Инфомакс, сака да ја стави партијата во зависност од кланот, а со брзи избори да извојува пораз не поголем од 5 пратеници, со што ќе може да остане на чело на СДСМ со приказната „што очекувавте сменивме име па мораше да нѐ казнат, јас спасив да не биде поголем поразот“.

Во налет е планирана смена на сите што ќе се побунат, а партијата со милионите кои ги вртат фирмите блиски до Заеви ќе треба да функционира и да купува мир, особено после поразот, кога многу коалициони партнери ќе бегаат или за да останат ќе бараат пари. И Заев тоа го знае.

Ваквата ситуација помешу чекан и наковална го прави нервозен Заев и тој тоа го покажува и на гостувањата како тоа денеска на Канал 5 кога после 1 минутно мирно зборување почнува на висок тон да комуницира и да меша зборови.

Агендата на Заев е или брзи избори и останување на чело на СДСМ по помалиот пораз или ништо. Затоа е целата паника, се констатира во текстот на Инфомакс.