Брзите тестови ќе чинат помалку од 1000 денари, вели Филипче

Набавуваме брзи тестови преку Светска банка, кои ќе чинат помалку од 1000 денари објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, тие ќе бидат наменети за сите болнички установи каде има потреба од брз тест за пациенти на кои треба да им биде дадена здравствена заштита.

-Таму каде што за пациентот веднаш треба да знаеме, врз основа на симптомите и проценка на клиничката слика, во кој дел од болницата треба да се лекува, дали му е потребен третман на Инфективна клиника или не. Воедно и дали и за друга патологија се лекува, можеби е асимптоматски носител, во чистиот или во делот којшто бара заштитна опрема на персоналот – појасни Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.