Буџетот треба веднаш да се повлече и да се доработи, за да имаме реални економски проекции

„Она што нам ни е сервирано во Собранието, а е јавно достапен документ и до вас медиумите, тоа е дека ќе имаме 2.9% раст на БДП, и од оваа бројка потоа се прават и приходни и расходни страни во економијата. Ние имавме прес конференција во петокот во која зборувавме за јавниот долг, а СДСМ возврати со релативизирање и се повикуваа на ЕБОР, каде што ЕБОР ни предвидува 2.3% економски раст. И тоа го направија на прес конференција“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата за „Обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „24 Отворено“.

Пренџов додаде дека истиот тој ден заменик претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска кажа дека следната година ќе биде нова година, нова надеж, а проекциите на ЕБОР се 2.3%. Дури и Лукаревска се повика на податокот на ЕБОР, 2.3% економски раст. Исто така ова се случува и кога Ковачевски при средба на граѓани вели дека Македонија следна година ќе има економски раст од 2.3%.

„И тука се поставува прашањето, ако пратениците не убедуваат дека ќе имаме 2.9% раст на економијата и за тоа гласаат, а истовремено тие слушаат дека ќе имаме 2.3% на митинзи на СДСМ и аплаудираат, имаме сериозен проблем. Ние тука имаме сериозен манипулативен Буџет кој што веднаш треба да се повлече од Собранието и да се доработи, за да имаме вистински проекции и да знаеме што гласаме. Овака пратениците се доведуваат во заблуда“, нагласи тој.