БУБА МАРА – останува најслушано скопско радио

Радио Буба мара е најслушана регионална станица и во изминатата 2022 година,  покажува штотуку објавен годишен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Со тоа Бубамара го продолжува трендот на слушаност и го зацврстува статусот на најслушано регионално радио и во изминатата година, титула што успева да ја задржи во сите квартални истражувања и извештаи на АВМУ од 2018 наваму.

Годишното истражување покажа дека во сите 4 квартали од 2022 година, Радио Бубамара бележи значителна предност пред второрангираната радио станица и по прашањето на дневната слушаност и како радио на постојан избор.

Тоа би било неможно без поддршката и посветеноста на слушателите.

На глобално ниво, наспроти големите промени што последниве 10-ина година се случуваат на медиумскиот пазар, радиото останува најконсумиран медиум, утврди УНЕСКО. Единствената сеприсутност на радиото е можност да допре до најшироката публика и да влијае во создавањето на заедничко искуство, исполнето со различности и отворено за сите нив. Радио-станиците и радио-слушателите секаде и натаму создаваат ретко силни врски, а Радио бубамара во изминативе години го создава најпопуларното градско радио, со кое во текот на денот се дружат преку 50.000 слушатели .

Тоа ја обврзува Радио Буба мара и натаму да остане – добриот дух на главниот град.