Бучковски: Сѐ што презема СЈО по 30.01.2017 беше спротивно на закон

Во „Само вистина“ гостуваше Владо Бучковски кој посочи дека по 30.01.2017 се што презема СЈО беше спротивно на законот.

Секој кој што требаше да праша „Зошто“ иако истече рокот од 18 месеци ги терате случаите „Поштенска банка“ и „Империја“ или директорите Унгарци, Грци од Македонскиот Телеком. Никој не можеше гласно да се запраша дали ова е кршење на законот? И тие еден или двајца новинари или неколку експерти, меѓу нив и колегата Гордан Калајџиев кој отворено проговорија и пред начелното правно мислење на Врховниот суд, затоа што не треба да си експерт дури и мои колеги, јас се срамев од дел од фелата кои не сакаа да признаат дека за нешто треба автентично да толкуваш ако е спорно. Тоа беше кристално јасно, дека по 30.01.2017 сѐ што презема СЈО беше спротивно на законот, истакна Бучковски.

Бучковски додаде дека сите знаеле дека обвинителите во СЈО имаат 18 месеци рок за предмети.

„Јас бев фрапиран кога видов дека има енормни хонорари иако постоеле законски ограничувања. Јавноста е бесна, овој гнев што се истури е токму затоа што видоа што правела Катица Јанева и дел од другите обвинители. Јас не сум сигурен дека во 3 од предметите што се најмногу експонирани сега на судењето на 3 декември ќе гледаме сведочења. Значи не било рекетирањето само на Камчев, било рекетирањето во Поштенска банка на директори, кај директорите од македонскиот телеком. Имаме едно фрапантно сведочење исто така за неколку милиони евра барани од грчки бизнисмен за неговиот внук да не биде осуден, истакна Бучковски во врска информацијата која излезе во јавноста дека вработените во СЈО земале високите хонорари“, посочи Бучковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.