Будимпешта избрана за најдобра божикна дестинација 2022

Според European Best Destination, најпосетуваниот туристички сајт во Европа, кој соработува со над 300 туристички организации – Будимпешта веќе ја презеде титулата за најдобра божиќна дестинација во Европа за 2022 година.

Главната причина поради која оваа награда отиде во Будимпешта е Божиќниот базар, кој годинава се отвори на 18 ноември, а ќе трае до 1 јануари 2023 година.

Слоганот на овогодишниот Божиќ е „Во љубов и безбедност“ и со тој слоган се отвора божиќната прослава пред базиликата Свети Стефан.

Тоа е најпопуларниот божиќен базар во Будимпешта, каде што повеќе од 100 претприемачи и гастрономски продавачи во традиционални куќи нудат популарни унгарски јадења, украси и ракотворби, како и бројни оригинални подароци.

Речиси два месеца, цела Будимпешта е обвиена со мирис на колачиња, печени костени, штрудла од афион и сè што ви треба е шолја популарно варено вино за загревање.

Врв на вечерта е лајт шоуто кое секојдневно се проектира на фасадата на базиликата Свети Стефан.

Годинава целиот град ќе биде украсен со над сто илјади светилки, а организаторите очекуваат голем број туристи благодарение на богатата придружна програма која вклучува бројни концерти и настапи на отворено. Ќе бидат отворени и бројни лизгалишта низ Будимпешта. Најпознатото лизгалиште е она во Варошлигет, кое се наоѓа во подножјето на големиот барокен замок Вајдахунџад, најголемиот во Европа. Лизгањето под ѕвездите е незаборавно искуство кое можете да го завршите со прошетка низ замокот.

Бидејќи Будимпешта лежи на над 1.500 термални извори, најдобриот начин да ја избегнете зимата е да се загреете во базените на Гелерт, Сечењи или бањата Рудас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.