Будимпешта на прво место меѓу европските метрополи како најпопуларни туристички дестинации

Будимпешта е на првото место меѓу најпопуларните туристички дестинации во светот во однос на резервациите направени за периодот од 1-ви ноември 2021 до 28-ми февруари 2022 година, пишува blikk.hu, повикувајќи се на податоци обезбедени од онлајн туристичката агенција kiwi.com.

Главниот град на Унгарија дури го надмина Лондон, кој долго време се сметаше за лидер.

Лондон, Париз, Виена и Берлин се многу популарни, но оваа есен ги претекнува Будимпешта, при што Париз го зазема само 8-то место, а германската престолнина е исклучена од топ 10 листата.

Ова се 10-те градови во кои има најмногу резервации:

-Будимпешта
-Лондон
-Виена
-Милано
-Истанбул
-Рим
-Киев
-Париз
-Лисабон
-Барселона