Буфон во понеделник потпишува за ПСЖ

Поранешниот голман на „Јувентус“, Џанлуиџи Буфон во понеделник ќе потпише за својот нов клуб и официјално ќе биде претставен како нов играч на ПСЖ, пишува L’Equipe.

Раководството на францускиот шампион претходно постигнал договор со 40-годишниот легендарен италијански голман, но сепак останале да се дефинираат неколку детали.

Буфон ќе биде подложен на медицински прегледи во сабота, а два дена подоцна ќе потпише двегодишен договор кој предвидува плата од 7 милиони евра по сезона. Тоа е повеќе од двојно што Буфон го заработил во клуб од Торино.
Буфон исто така ќе биде амбасадор на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Буфон во „Јувентус“ дојде во 2001 година, а со клубот освои 19 трофеи и ја напушти „Старата дама“ по истекот на неговиот договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.