Бугарија ја укина забраната за носење маски на јавни простори

Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев во петокот соопшти дека повеќе не важи мерката за задолжително носење заштитни маски на јавни простори, туку отсега граѓаните ќе треба да ги прекриваат устата и носот само кога се во контакт со други лица.

Владината уредба за задолжително носење маска на јавни места беше воведено за периодот од 12-ти до 26-ти април. Минатата седмица, два дена пред истекувањето на овој рок, министерот за здравство ја продолжи мерката до 13-ти мај, за која се претпоставува дека ќе биде укинатат вонредната состојба во Бугарија поради ширењето на коронавирусот.

„Денеска на состаникот на премиерот и членовите на владата со Националниот оперативен штаб во текот на кој се разговараше за анти-епидемиските мерки за контрола на ширењето на Covid-19, министерот за здравство Кирил Ананиев издаде уредба за откажување на задолжителното носење и друга заштитна опрема на јавни места“, се наведува во соопштението.

Според новата уредба, секое лице кое ќе се надје на јавно место, вклучително и на улица, во средствата за јавен превоз или во градските паркови, мора да ја одржува одредената одалеченост од 2,5 метри, како и другуте мерки. Но, „доколку е неопходен контакт со други луѓе“, ќе мора да се користи маска или „друго средство за прекривање на носот и устата“.

Покрај тоа, министерството на здравство им наложува на локалните власти да му овозможат на населението посети на националните и парковите на природта, како и и престој во планините.

Бугарија со одлука на парламентарците на 13-ти март ја одобри владината инициајтива за воведување вонредна состојба во земјата поради локалната епидемија со новиот тип коронавирус, а потоа ваквиот режим беше продолжен до 13-ти мај. Од 17-ти до 21-ви април, во време на празниците беше забрането излегувањето и влегувањето во главниот град Софија, освен со специјални дозволи.

Според последните податоци, во Бугарија се потврдени 1.541 случај на зараза со коронавирусот, починале 66 лциа, а 276 оздравеле.