Бугарија бара од ЕК изземање од ембаргото за руската нафта на две години

Бугарија бара од Европската комисија (ЕК) изземање од наметнувањето ембарго на увозот на нафта од Русија на две години, изјави во саботата во интервјуто за телевизискиот канал bTV, претседателот на парламентарната комисија за енергетика, Радослав Рибарски.

„Во моментов не е добиен официјален одговор на барањето на Бугарија за одложување на ембаргото за две години, но доколку не дојде до тоа, тогаш Бугарија може да стави вето на колективната одлука. Во моментов сме подготвени да се бориме за тоа до крај“, вели пратеникот Рибарски.

Во средата од нафтената рафинерија „Лукойл Нефтохим Бургас“ официјално соопштија дека „во моментов не постои алтернатива за руската нафта во Бугарија“. Ставот ги зема предвид технолошките тешкотии во рафинирањето на нафтата којашто доаѓа од Блискиот Исток и од Северна Африка, и којашто е неопходно да се меша со руската суровина во обем од најмалку 50 отсто, поради технологијата на капацитетите.

Во петокот дипломатски извори за медиумите брифираат дека Европската комисија била принудена да ги ублажи условите за воведување на ембаргото на увозот на нафта од Русија, по дводневните безуспешни преговори меѓу амбасадоиите на 27-те семји членки на Европската комисија за шестиот пакет санкции.

Анбасадорите разговараа за предлозите на Европската унија во средата и четвртокот, но не успеаја д апостигнат консензус. Како што објави во средата агенцијата Reuters, Комисијата понудила тримесечно одложување на воведувањето на забраната за транспорт на руската нафта и помагање на најзасегнатите земји со инвестиции од буџетот на ЕУ во развојот на нафтената инфраструктура што ќе овозможи замена на руската со другите типови нафта.

Медиумите објавија дека изземање или пролонгирање на нафтеното ембарго покрај Унгарија и Словачка, може да добијата и Чешка, Бугарија, како и повеќе други земји од Унијата.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.