Бугарија бара повлекување на руски дипломат поради шпионажа

Амбасада на Руската Федерација во Софија

Бугарија побарала отповикување на руски дипломат, за кого обвинителството во Софија претходно отворило случај под обвинение за шпионажа, пренесуваат во понеделникот медиумите повикувајќи се на изјави од дипломатиите на двете земји.

Бугарското министерство за надворешни работи објави дека претходно во понеделникот, обвинителството започнало кривична постапка против руски дипломат. Меѓутоа, случајот бил запрен, бидејќи лицето како прв секретар на руската амбсада во Софија уживал дипломатски имунитет.

„Специјаното обвинителсто отвори кривично дело за престап против републиката против странски државјанин затоа што од септември 2018 година на територијата на земјата лицето странски државјанин собирал информации со цел да ги предаде на странска држава, а кои претставуваат државни тајни кои се однесуваат на интерсите на Бугарија, ЕУ и НАТО“, се наведува во соопштението на бугарската дипломатија.

Министерството во соопштението наведува дека во петокот со рускиот амбасадор бил одржан состанок, веднаш откако обвинителите и тајните служби информирале за сомнителни активности на првиот секретар на руската амбасада, и барале негово отповикување до понеделникот.

Рускиот дипломат веќе ја напуштил Бугарија, потврдија двете министерства за надворешни работи.

„Бугарската страна изрази желба вработениот во амбасадата да биде отповикан во понеделникот, до крајот на денот. Според информацијата на министерството за надворешни работи, лицето веќе ја напупштило територијата на Бугарија“, се вели во соопштението на руската дипломатија без натамошни поединости.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.