Бугарија бара во македонските учебници да влезе дека до 1945 македонскиот јазик бил бугарски

Претседателот Стево Пендровски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека бугарската министерка Екатерина Захариева прави замена на тези кога вели дека тие го почитуваат правото на самоопределување.

-Не би сакал да им давам совети на бугарските колеги. Најтешката работа е првото вето, после е далеку полесно да го одржуваш. Најтешко е првото вето, да ги убедиш другите членки дека си во право.
А, Захариева прави замена на тези кога вели ние го почитуваме правото на самоопределеување. Ќе се обидам да ги симплифицирам барањата на Бугарија. Бугарија вели ние не го признаваме македонскиот јазик и тој го нарекуваме официјален јазик на Република Северна Македонија. Затоа Бугарија бара ЕУ да не користи формулација македонски јазик во ниту еден докумемент, од кога станала кандидат за членство, па и кога ќе стане полноправна членка. Бара историската Комисија да се согласи дека 1945 година македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот и следствено на тоа и во македонските учебници да влезе дека до 1945 македонскиот јазик бил бугарски јазик. Исто и со народите, вели Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.