Бугарија бележи 255 новозаразени и четворица починати од Covdi-19

Во Бугарија во последните 24 часа од 5.074 тестови спроведени на коронавирусот, позитивни на SARS-CoV-2 биле 255 лица, пренесува новинската агенција БТА повоикувајќи се на здравствените власти.

Во последното деноноќие, исто така, од последици на Covid-19 починале четири пациенти. Бројот на излекувани пациенти, пак, зголемен е за 119 на 14.132.

Бугарија досега регистрира вкупно 19.828 заболени, а починати се 789.

Активни се 4.907. Во болница се лекуваат 782 пациенти, а 36 се на респиратор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.