Бугарија денеска избира нова влада

Денеска ќе се одржи вонредна седница на 47. Народно собрание на која треба да се избере новата редовна влада на Бугарија.

Седницата ја свика претседателот на Собранието Никола Минчев по барање на пратеницит.

На дневен ред се три точки – избор на премиер, усвојување структура на Советот на министри и избор на нова влада.

Вонредната собраниска седница и избрзаната процедура за избор на новата влада се одржаа откако бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот на кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков, а тој веднаш ја врати папката со имињата на идните министри. „Продолжуваме со промената”, „Бугарската социјалистичка партија”, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија“ има повеќе од потребните 121 глас во 240-чениот парламент на Бугарија.

Нивните пратеници се 134, што е над потребното мнозинство за да може да се избере новиот владин кабинет на Бугарија.

Ова ќе биде 21 влада од 1990 година, а владата на премиерот Кирил Петков ја сочинуваат 21 министер, меѓу кои и пет вицепремиери.

Кирил Петков ќе биде вториот млад премиер на Бугарија на 41-годишна возраст, по социјалистот во 1995 година Жан Виденов, кој имаше 36 години кога ја презеде функцијата.

Необичен детал е дека и двајцата се од Пловдив.13 Бугарските влади од падот на комунистичкиот диктатор Тодор Живков отслужија цел мандат овие 32 години.